Шон Пен снима документарен филм за руската инвазија
Режисерот е во Киев каде што снима документарен филм за руската инвазија врз земјата потврдуваат од Vice Studios за „Холивуд репортер“.

Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина. Режисерот е во Киев каде што снима документарен филм за руската инвазија врз земјата потврдуваат од Vice Studios за „Холивуд репортер“.
Од канцеларијата на претседателот Зеленски објавија за присуството на Шон Пен во Киев при кое му искажаа благодарност на режисерот за залагањето на светот да му ја каже вистината за руската инвазија врз Украина.
„Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, вклучително и западни политичари. Колку повеќе има такви луѓе во нашата земја сега, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе биде можно да се запре рускиот предавнички напад“, стои во соопштението што го пренесоа светските шоу-биз медиуми.
