Селаковиќ во посета на Скопје

Наскоро културно-информативни центри во Белград и во Скопје

25.02.2022 12:58

Двајцата политичари се обврзуваат и во иднина да соработуваат на теми поврзани со евроинтеграцијата. Селаковиќ на прес-конференција го повтори ставот на неговата земја дека е силен поддржувач на евроинтеграциите на Македонија.

Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ во официјална посета на Скопје. На средбата со неговиот колега Османи – потврдени добрите пријателски односи меѓу двете држави. Двајцата политичари се обврзуваат и во иднина да соработуваат на теми поврзани со евроинтеграцијата. Селаковиќ на прес-конференција го повтори ставот на неговата земја дека е силен поддржувач на евроинтеграциите на Македонија.

„Првото прашање за кое зборувавме пред една година се однесуваше на отворањето на културно-информативни центри во Белград и во Скопје и во наредниот период ќе работиме на нивна реализација. Со посебно задоволство констатиравме дека 2021 година нашата трговска размена го достига историски највисокото ниво од 1 милијарда и 120 милиони евра и со тоа ја надминавме трговската размена што ја имавме пред пандемијата“, изјави Никола Селаковиќ министерот за надворешни работи на Србија.

Додава дека извозот на Република Србија во Македонија го достигнува историското ниво од 815 милиони евра, а минатата година увозот од Северна Македонија бил зголемен за 41.7 насто.