МРТ

Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?

25.02.2022 12:59

Секоја сабота „Македонија наутро“ од 8 часот на МРТ1...

Руско – украинска криза. Дипломатијата не спречи ескалација, што сега? Кристина Талеска – Големтеова зборуваше со Никола Дујовски, декан на Факултет за безбедност.

Тема- И после сѐ, како да го вратиме оптимизмот? Ване Маркоски разговараше со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Филозофскиот факултет.

Баланс во животот. Физички и психички опстанок во бурни времиња. Гостин во студиото, сертифицираниот јога-инструктор, Мимоза Гацов.

Спорт и рекреација. Велосипедски тури низ македонските планини. Скајп- конекција со Струмица, на линија со Коки Зајков и Благој Ѓузелов.

Секоја сабота почнуваме од 8 часот. Гледајте нѐ.