Маричиќ: Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите
Маричиќ денес одржа состанок со министрите за активностите кои следуваат од доменот на ИПА и донаторската помош, пред почетокот на новиот циклус на состаноци на секторските работни групи, нагласувајќи ја важноста од директно вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што ќе се потврди политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА...
Вицепремиерот задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денес одржа состанок со министрите за активностите кои следуваат од доменот на ИПА и донаторската помош, пред почетокот на новиот циклус на состаноци на секторските работни групи, нагласувајќи ја важноста од директно вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што ќе се потврди политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА.
Од почеток на мојот мандат како Национален ИПА координатор (НИПАК) реализирав многубројни состаноци со донаторите меѓу кои и со ЕУД, на кои разговаравме за функционирањето и важноста на секторските работни групи. Донаторите, според нивните укажувања, ги разбираат овие групи како тела во кои се дискутира само за ИПА, а тие би сакале фокусот да биде на секторските и националните стратегии, политики и приоритети. Оттука во рамките на НИПАК секретаријатот и во консултација со ИПА координаторите започнавме да размислуваме за промена на фокусот на дијалогот во рамките на Секторските работни групи и оттаму Секторските работни групи на своите пленарни седници да бидат претседавани од ресорните министри, со мое приклучување во улога на Национален ИПА координатор. Со тоа, ќе ја потврдиме политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА и другите донаторски програми и средства, рече вицепремиерот Маричиќ пред ресорните министри.
Вицепремиерот Маричиќ ги презентираше и промените во работењето на Секторските групи, укажувајќи дека претседавачи на Секторските работни групи без исклучок во прво време да бидат ресорните министри и најави промена на Деловникот за работа на истите.
