Македонија

Средба Мицкоски-Лудва

25.02.2022 13:55

Мицкоски укажа на загриженоста за агресијата врз Украина и потенцираше дека тоа носи страдање и човечки жртви кои треба да престанат, и да се даде шанса на дипломатијата која треба да биде средство за решавање на споровите помеѓу државите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва.

Мицкоски укажа на загриженоста за агресијата врз Украина и потенцираше дека тоа носи страдање и човечки жртви кои треба да престанат, и да се даде шанса на дипломатијата која треба да биде средство за решавање на споровите помеѓу државите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за спорот со Бугарија при што посочи дека не смее да се задира во македонските идентитетски обележја, јазик и историја, како и дека тие треба да се обезбедат гаранции од Брисел дека нема да има повеќе пречки на нашиот пат кон ЕУ.