Зеленски го повика Путин на преговори
озволете ни да седнеме на преговарачка маса за да ги спречиме загубите на човечки животи, изјави Зеленски...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа што не воведе доволно остри санкции против Москва и го повика рускиот колега Владимир Путин да преговара за „да се спречат човечки жртви“, објави „Фајнешал тајмс“.
„Германскиот канцелар вчера зборуваше за инвазијата врз Украина, дека Европа не видела вакво нешто 75 години. Но, ова не е целата вистина. Ова не е само руска инвазија врз Украина. Ова е почеток на војна против Европа. Против европската солидарност. Против елементарните права на европските луѓе“, изјави Зеленски во обраќањето до нацијата.
Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација. Борбите се водат насекаде во Украина. Дозволете ни да седнеме на преговарачка маса за да ги спречиме загубите на човечки животи, изјави Зеленски.
