Подобри услови за пристап до ИПАРД фондовите за градинарите
04.04.2014 09:16
Градинарите со средствата од ипард можат да изградат и да ги обноват своите стакленици и пластеници. За инвестицијата од европските фондови добиваат половина од вложените средства...

За градба, реконструкција и модернизација на пластеници и стакленици, за производство на зеленчук и расадници, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.
На огласот кој што трае до 17 април годинава условите се подобрени. Ќе можат да аплицираат и градинарите со 0,2 наместо со 0,5 хектари.
За производството на отворено може да се набавува опрема за наводнување капка по капка, подземни и микро прскалки и заштитни мрежи за покривки, и земјоделска механизација.
За набавката на семе, посадочен материјал и услуги за садење не се одобруваат финансиски средства
Со оваа програма се финансираат проекти во вредност од 3.000 до 2.300.000 евра.
Методија Трајков
