КСС бара усогласување на растот на минималната плата со колективните договори
Конфедерацијата на слободни синдикати бара усогласување на растот на минималната плата со колективните договори и усогласување и на останатите плати. Доколку до 15-ти март не започнат преговори со социјалните партнери, најавуваат генерален штрајк...

Конфедерацијата на слободните синдикати бара под итно да се усогласат платите со колективните договори и да се зголемат платите во јавниот сектор скалесто со растот на минималната плата. Велат нивните анализи покажале дека половина од тие што земаат минимална или помала од минималецот се во јавниот сектор, а со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари, тој процент ќе биде над 60 насто најавуваат генерален штрајк на 15 март годинава, доколку надлежните позитивно не
Во Синдикатот на полиција посочија дека минималната плата што сега ќе ја дава Владата е за 2.000 до 3.000 денари поголема
Универзитетскиот професор Лазар Јовевски потенцираше дека клучот за скалестото зголемување на платите е кај Владата.
И од Сојузот на Синдикатите на Македонија во писмениот допис велат внимателно ќе ја следат имплементацијата на Законот за минимална плата наведуваат дека ќе бидат поднесувани и кривични пријави против работодавците кои свесно ќе ги намалуваат работничките права и нема да ги почитуваат Законот и колективните договори.
Игор Панов
