Украина

Песков: Путин е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со Украина

25.02.2022 14:57

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека успехот на руската специјална операција за прашањето за демилитаризација на таа земја е задолжителна компонента...

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина дека е подготвен да разговара за „неутралниот статус“ на Украина,

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина.

Според него, во руската делегација ќе има претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Кремљ.

Тој рече и дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за време на разговорите со рускиот лидер изјавил дека Минск ќе ги обезбеди сите услови во однос на безбедноста за да се случат преговорите.