517 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќе од половина во Скопје. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 72 реинфекции. Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.
Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на Ковид-19.
