Одбележување на денот на НАТО во Дом на АРМ
04.04.2014 09:23
Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери...

Денеска во организација на Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, во Домот на АРМ во Скопје, ќе биде одбележан Денот на НАТО.
Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, во Вашингтон (САД) 12 земји, го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.
На одбележувањето на Денот на Алијансата, ќе се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, по што ќе се говори за историјата, вредностите и целите на НАТО, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
