Универзална сала

Архитектите контра Арсовска, градоначалничката не отстапува

25.02.2022 15:55

Арсовска не отстапува- проектот за Универзлната сала е згрешен, а објектот е небезбеден. Архитектите контра градоначалничката, сметаат дека решението е добро. Ресорната министерка побара да продолжи изградбата. Вели салата е значајна за културата...

Арсовска не отстапува- проектот за Универзлната сала е згрешен, а објектот е небезбеден. Град Скопје нема да дозволи активности кои се по штета на граѓаните и директно ги засегаат, вели градоначалничката.

Кога ќе биде завршен објектот ќе кажеме дали објектот е безбеден. Кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден, да кажете која институција потпишала и кој го кажал тоа,  рече претседателката на Собранието на асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Архитектот Бујар Муча, по чиј проект ќе се реновира универзалната сала уверува дека проектот е безбеден.

Мора да се надминат многу разлики, и да се продолжи со реконструкција на проектот кој не е во функција веќе седум години, смета министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Министерката со апел изградбата на универзална сала да продолжи. Според неа, овој објект е многу значаен за културата, за скопјани и за целата држава и претставува симбол на солидарноста.

 

Ана Јосифоска Тодоровска