Вонреден лидерски состанок на НАТО
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја отвори седницата порачувајќи дека војната во Украина е целосна одговорност на Русија и дека и покрај обидите на НАТО да се дојде до дипломатско решение, мирот во Европа е скршен.

Лидерите на земјите членки на НАТО заедно со партнерите од Шведска, Финска и ЕУ го почнаа вонредниот состанок посветен на Украина. Во фоксу на состанокот состојбата и подготвеноста на НАТО во источниот дел близу Украина.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја отвори седницата порачувајќи дека војната во Украина е целосна одговорност на Русија и дека и покрај обидите на НАТО да се дојде до дипломатско решение, мирот во Европа е скршен.
Столтенберг ја повика Москва да стави крај на воените дејствија и изрази целосна солидарност со Украина и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
Претседателот Пендаровски учествува на виртуелниот самит, кој е на ниво на шефови на држави и влади. Се очекува лидерите на земјите-членки на НАТО, уште еднаш остро да го осудат рускиот напад врз Украина, како и да донесат конкретни одлуки за дејствување на Алијансата.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по средбата ќе одржи прес-конференција од седиштето на НАТО во Брисел.
