Скопје

Украинците во Македонија на протест пред Руската амбасада

25.02.2022 16:19

Во рамките на протестниот марш кој почна од плоштадот „Македонија“, а заврши пред Руската амбасада, организаторите порачаа дека протестираат во знак на поддршка за нивните родини и пријатели во Украина.

Стоп за војната - протест за поддршка на Украина во организција на Здружението на украинците во Македонија. Во рамките на протестниот марш кој почна од плоштадот „Македонија“, а заврши пред Руската амбасада, организаторите порачаа дека протестираат во знак на поддршка за нивните родини и пријатели во Украина.

Состојбата во Украина е лоша, а ние сме многу загрижени за нашите блиски кои се наоѓаат таму, рекоа дел од демонстрантите.  Порачаа- сакаме сите да знаат што се случува во Украина.

На протестот присуствуваа Украинци кои живеат во Македонија, како и македонски граѓани.

 

Марија Котовска