Софија- Скопје
Напредок во работата на историската комисија
25.02.2022 16:29
Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе за постигнување на одреден напредок во работата на заедничката комисија, сооштуваат од МНР.

Вчера и денеска во Софија се одржа 17-тата средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе за постигнување на одреден напредок во работата на заедничката комисија, сооштуваат од МНР.
Се планира следната средба на комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје.
