Македонија
„Моќта на класиката“ во Филхармонија
28.02.2022 08:57
Како солистка на англиски рог ќе настапи Маја Чанаќевиќ, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Во четврток на 3 март, ќе се одржи концертот насловен „Моќта на класиката“ на кој како солистка на англиски рог ќе настапи Маја Чанаќевиќ, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.
На програмата се Симфонијата бр. 5 од Л.В. Бетовен, Сцена и рондо за англиски рог и оркестар од Антон Рејха и Концерт за англиски рог и оркестар од Јозеф Фиала.
