ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме предлог за намалување на акцизата на бензините
Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година.

ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараат за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така велат дека ќе бараат продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараат намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%, велат од партијата.
Додаваат дека дополнително бараат од Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи.
