Продолжува кампањата на претседателските кандидати

04.04.2014 09:31

Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во Куманово, а средби со граѓаните ќе реализира во Брвеница, Јегуновце и Липково.
 
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски ќе има митинг во Охрид и средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Струга.
 
Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски ќе одржи митинг во Кочани  и средби со граѓани во селата Црник, Робово и Ратево.