МВР
Пронајдена дрога во тетовско, приведени пет лица
28.02.2022 09:37
При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети.

Полициски службеници од Полициското одделение Теарце, вчера во село Непроштено, тетовско ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Селце, тетовско.
При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
