МНР: Се евакуираат македонски граѓани од Украина, обезбеден коридор од Одеса
Од Министерството информираат дека се во постојан контакт со властите на Романија и на Унгарија, од каде исто така е овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина.

Досега шест македонски државјани преку воспоставениот коридор, во координација со бугарската влада, безбедно ја напуштија Украина. МНР со апел до нашите граѓани коишто се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.
Од Министерството информираат дека се во постојан контакт со властите на Романија и на Унгарија, од каде исто така е овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина.
Граѓаните кои се во можност, треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон конзулатите на Романија и на Унгарија. И од Молдавија има потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.
Дежурниот телефонски број 00 389 75 273 732 во МНР е постојано активен.
