Македонија
Влада: Забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за руските авиокомпании
28.02.2022 10:06
Се изземаат само хуманитарните и итните летови.

Владата донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите- членки кои веќе донесоа одлука, да се воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авиокомпании од Руската Федерација. Се изземаат само хуманитарните и итните летови.
Владата ја задолжи М-НАВ да ја почне постапката за спроведување на одлуката и да ги извести европските воздухопловни власти за забраната за влез во македонскиот воздушен простор за авиопревозници, регистрирани во Руската Федерација.
