Македонија

Над 9.000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

28.02.2022 10:14

Од почетокот на пандемијата, бројот на починати надмина 9.000. Активни случаи има 4.172.

Речиси 15 проценти од тестираните во изминатото деноноќие биле позитивни на Ковид-19. Од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи. Од нив, 58 се реинфекции.

Во болнички услови починале седум лица. Кај сите се регистрирани коморбидитети, информираа од здравство. Како оздравени се водат 432 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, бројот на починати надмина 9.000. Активни случаи има 4.172.

Во земјава досега се регистрирани 297.081 случај на Ковид-19. Оздравени се 283.908 лица.