Пресуда за дел од обвинетите во „Титаник“
Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Мунир Пепиќ признаа дека се виновни за делата што им се ставаат на товар. Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побара од судот да ги има предвид сите олеснителни околности, особено доблеста што ја признаа вината за сторените дејствија.

Во скопскиот кривичен суд денеска пресуда за дел од обвинетите во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, а во кој се опфатени поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Мунир Пепиќ признаа дека се виновни за делата што им се ставаат на товар. Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побара од судот да ги има предвид сите олеснителни околности, особено доблеста што ја признаа вината за сторените дејствија.
Претходно, обвинителката Лиле Стефанова ги претстави олеснителните и отежителните околности, и побара намалување и условни казни. Судењето за останатите обвинети продолжува на 9-ти март.
