„Визер“ од денеска со директен лет Скопје- Париз
04.04.2014 09:39
Нискобуџетната компанија „Визер“ од денеска ја воведува директната авиолинија Скопје-Париз
Нискобуџетната компанија „Визер“ од денеска ја воведува директната авиолинија Скопје-Париз. Компанијата на оваа релација ќе сообраќа два пати во неделата од аеродромот „Александар Велики“.
Авиокомпанијата „Визер“ од Скопје директно лета до десетина европски дестинации, а најавени се летови и за Франкфурт и Брисел.
