Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бранат 11 наоди на прекршувања на закон

28.02.2022 11:42

„СДСМ втор ден се обидува да го заштити својот кадар, поранешната директорка на детска градинка во Гази Баба која спротивно на законот вршела набавки во месец септември 2021 година, а истите биле фактурирани во декември месец за сума која ја надминува границата која ја пропишува законот за јавната набавка“, велат од партијата.

„СДСМ заштитува прекршување на законот за јавни набавки. СДСМ втор ден се обидува да го заштити својот кадар, поранешната директорка на детска градинка во Гази Баба која спротивно на законот вршела набавки во месец септември 2021 година, а истите биле фактурирани во декември месец за сума која ја надминува границата која ја пропишува законот за јавната набавка“, велат од партијата.

Ревизијата покажала вкупно 11 наоди за прекршувања од страна на раководниот орган. Според ВМРО-ДПМНЕ лицето кое ја спроведува ревизијата на работата на детската градинка е истото лице внатрешен ревизор којшто поранешниот градоначалник Борче Георгиевски го овластил да врши ревизии уште во 2019 година.