Свет

Кина е подготвена да соработува со САД на иницијативата „Да изградиме подобар свет“

28.02.2022 12:16

Групата седум најразвиени земји (Г7), составена од САД и нивните сојузници, во јуни ја предложи иницијативата „Да изградиме подобар свет“за да им помогне на земјите во развој да ги задоволат инфраструктурните потреби додека се обидуваат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина.

Кина е подготвена да соработува со САД на глобалниот инфраструктурен план предводен од Г7 и е отворена за приклучување на Вашингтон на нејзината иницијатива „Појас и пат“, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Групата седум најразвиени земји (Г7), составена од САД и нивните сојузници, во јуни ја предложи иницијативата „Да изградиме подобар свет“за да им помогне на земјите во развој да ги задоволат инфраструктурните потреби додека се обидуваат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина.

Подготвени сме и да ја разгледаме координацијата со иницијативата на САД за изградба на подобар свет за да обезбедиме повеќе висококвалитетни јавни добра на светот, рече Ванг во видео пораката на 50-годишнината од Шангајското коминике, кое ја одбележа нормализацијата на односите меѓу САД и Кина.