НАТО ја засилува воената поддршка за Украина

28.02.2022 12:26

„Само што разговарав со претседателот Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.

НАТО сојузниците ќе ѝ достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на Твитер генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.

„Само што разговарав со претседателот Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.

НАТО сојузниците ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош, напиша генералниот секретар на Алијансата.