„ФОРБС“: Македонија е бисер на балканот
Македонија е бисер на балканот и прва дестинација за иневстиции во Европа, вака влијателното американско економско списание „Форбс“ ја опишува Македонија во најновите два натписи од февруари и март 2014-та...

Бисерот на Балканот, Македонија во 2014-та ќе има економски раст од 3 проценти поголем од соседите Албанија, Бугарија, Грција и Србија, се наведува во најновиот натпис за Македонија во најчитаното американско економско списание „Форбс“.
Вложувањата во иновациите е надежно за иднината на земјата. Авторите на текстот пишуваат дека Македонија со својата природа е вистински бисер на Балканот, местоположбата во Европа ја прави атрактивна за инвестиции, а само тука може да се најде надалеку познатиот Охридски бисер, познатите македонски вина и органски чаеви.Неколку пати во американско економско списание Форбс , Македонија се опишува како земја што има стабилна фискална политика за разлика од некои европски економии.
„Трговијата нема ништо заедничко со вредноста на валутата, туку како ја држиш стабилна. Нешто што треба да научат земјите во развој“, вели Стив Форбс, сопственик и уредник на магазинот „Форбс“.
Со ниски цени на производство што конкурираат на Кина, вискоквалификувана работна сила како во Индија и местопложба во Европа со пристап на 650-милионскиот европски пазар, Македонија стана прва дестинација за странските инвеститори-пишува во Форбс. Најчитаното списание на бизнисмените во САД, ја пренесува проценката на рејтинг агенција Фич, според која, Македонија во 2014-та и 2015-та ќе продолжи да бележи зголемен извоз и јавни инвестиции.
Ова е трет натпис за Македонија во списанието Форбс што го читаат сите американски бизнисмени.
Ирина Гелевска, постојан дописник на МРТ од Вашингтон
