Македонија

МНР: Македонските државјани да ја напуштат Русија

28.02.2022 13:42

Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и земјава, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сѐ уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија- информираат од МНР.

Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

МНР ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.

За поддршка на државјаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен); + 79 58 643 34 63 (мобилен); е-mail: [email protected]; [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected], информираат од МНР.