Македонските транспортери со загуби поради руско-украинската криза
Поголемите македонски транспортни компании кој вршат превоз на стоки за извоз и увоз веќе ги пресметуваат првите негативни финансиски ефекти од руско – украинската криза. Турите се одложени а возачите по никоја цена не сакаат да возат во тие правци. Транспортерите велат дека актуелната состојба ќе влијае и на превозот на земјите од тој регион бидејќи алтернативните патишта и зголемениот број на патарини ќе влијаат на рентабилното работење.

Од руско – украинскиот воен конфликт и санкциите на ЕУ финансиската засегнатост веќе ја почувствуваа нашите поголеми транспортни компани. Битолската „Груни Вит“ веќе деценија и пол превезува стоки низ цела Европа. Последните договорени тури за во овие правци се стопирани
Еден од двајцата сопственици вели требаше да вршиме транспорт до Унгарија и Украина. Стопираните транспортни зделки ќе ни направат сериозни загуби бидејќи се работеше за поголем број на тури.
Возачот Драган Наумовски вели последниве пет години нема европска патна делница што не ја поминал но во вакви услови вели нема цена што би го убедила да седне зад воланот.
Доколку ваквата состојба потрае финансиски ќе се одрази и на транспортот кон другите земји доколку треба да се патува по алтернативни патишта велат од компанијата.
Според првите пресметки велат трошоците би се зголемиле за 35-40 посто што говори дека рентабилноста би била негативна.
Стевче Митревски
