Пресуди за „Титаник“: Јанакиевски доби 4 години и 6 месеци затвор, Јанкуловска 2 години и 6 месеци
Пресуда беше соопштена и за останатите обвинети кои признаа вина во случајот „Титаник“. Обвинетиот Мартин Протуѓер беше осуден на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

Поранешните министри за внатрешни работи и транспорти и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, обвинети во случајот „Титаник“, по изјаснувањето за виновни за обвинението, денеска од Кривичниот суд Скопје, беа осудени на вкупно седум години казна затвор.
Пресуда беше соопштена и за останатите обвинети кои признаа вина во случајот „Титаник“. Обвинетиот Мартин Протуѓер беше осуден на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира ако во следните пет години не стори ново кривично дело.
Исто така на иста условна осудени беа осудени и поранешната заменичка – министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковски и обвинетите Кирил Тодоровски и Катерина Веловска.
Обвинетиот Мунир Пепиќ беше осуден на казна затвор од една година, додека Коста Митровски беше осуден на три години казна затвор.
