Прилеп

Се трага по Петар, обвинителството отвори предистражна постапка

28.02.2022 14:00

Три дена нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кому му се загуби секаква трага. Стотина полицајци ја продолжуваат потрагата, надлетува и хеликоптер. Обвинителството отвори предистражна постапка. Сослушани се родителите, а потрагата засега е без резултати. Времето и теренот во Мариово се тешки.

Три дена го нема 10-годишниот Петар. Трагата му се загуби попладнето во петокот, од селото Врбско во Мариово. 100-ина полицајци и хеликоптер ја продолжуваат потрагата. Бараа и пожарникарите, ловците, доброволци, од спасувачката служба, но нема резултати.

Во меѓувреме, прилепското обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете.

Таткото на Петар, Стојан Џобоски вели дека работел на селската куќа кога сопругата му кажала дека го нема. Последно, е што го упатил со братчињата да налее вода. Сослушан е од полицијата и од обвинителството.

Димитар Џобоски постариот брат на Петар вели дека последно го видел откако наполниле вода од кладенецот.

Полицијата ја продолжува потрагата, по исчезнатиот Петар. Доброволци се јавуваат да помогнат, а отворен е бројот на дежурната служба во Витолиште. Таткото на 10-годишниот Петар денеска побара адвокат.

Елизабета Митреска