Македонија

Поддршка за територијалниот интегритет на Украина

28.02.2022 14:32

Утре на собраниската Комисија за надворешна политика, декларацијата за поддршка на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Украина. Милошоски на средбата со неговата словенечка колешка Грегориќ ја потврдил заложбата и за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Осуда на Руската инвазија на Украина. Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина, ја споделува позицијата на ЕУ, базирана на меѓународното право. Претседателот на комисијата за надворешна политика Милошоски најави дека ќе се донесе декларација за мирна разврска на конфликтот.

Словенечката пратеничка Грегорчиќ ја истакна важноста од осуда на руската агресија. Словенија со предлог на Украина да ѝ се понуди временска рамка за членство во ЕУ. Охрабрување и за Македонија да ги вложи сите напори за да биде активен учесник на патот кон Унијата. Грегорич уверена дека тивката дипломатија ќе даде резултат на преговорите.

Милошоски ќе ги повика премиерот Ковачевски и претставник на МНР да реферираат за разговорите со Софија и документот кој е на маса. Се подготвува сеопфатен документ за македонско-бугарските односи и се сомневаме дека Владата има намера да го заобиколи Собранието, посочи Милошоски.

Игор Панов