МРТ

Што ќе гледате во вторник во „Македонија наутро“?

28.02.2022 14:04

Воените конфликти прават сериозен психолошки притисок. Како да се ослободиме е од него е тема којашто ја отвараме во редовната рубрика „Мој психолог“ со Мирјана Јовановска Стојановска...

Црвениот Крст на Македонија со финансиска помош и поддршка за населението во Украина.Каква е улогата на хуманитарните организации во услови на нов мигрантски бран е тема на која разговараме со Сузана Тунева Пауновски.

Какви информации на тема Руско-Украински конфликт пренесуваат британските медиуми, за санкциите кои Обединетото Кралство ги воведе кон руските банки и лица блиски до Путин, но и за тоа како ситуацијата ќе се одрази на економијата се прашања на кои одговори ни дава Орхан Демировски.

Воените конфликти прават сериозен психолошки притисок. Како да се ослободиме е од него е тема којашто ја отвараме во редовната рубрика „Мој психолог“ со Мирјана Јовановска Стојановска.

Од 1-ви март  престанува да важи одлуката за највисоките цени на основните прехранбени производи. Но, затоа пак стапува на сила одлуката за ограничување на маржите што значи полни раце работа на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, чии инспектори се на терен да проверат колку се почитуваат правилата во пракса. Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат гостинка во „Македонија наутро“.

Се намалува цената на зонското паркирање. Новостите од градски паркинг ги дознаваме од Бојан Христовски.

Гледајте нѐ!