Изречени пресудите за дел од обвинетите во случајот „Титаник“
Во скопскиот кривичен пресуда за дел од обвинетите во „Титаник“ за изборни нерегуларности. За Миле Јанакиески и за Гордана Јанкулоска затворски казни, за Мартин Протуѓер, Мунир Пепиќ, Билјана Бришкоска-Бошковски, условни. Јанакиески заработи и куќен притвор. Одбраната најави жалби во висина на казните.

Четири и пол години затвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд откако тој, заедно со уште седуммина обвинети на минатото рочиште признаа вина во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Неговата колешка од ресорот – внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби две и пол години затвор. Коста Митровски и Мунир Пепиќ се осудени на три, односно на една година зад решетки.
Четворица од обвинетите меѓу кои и Мартин Протоѓер, поранешниот шеф на кабинетот на премиерот Груевски и некогашната заменичка во правда Бришковска – Бошковски, нема да одат во затвор. Изречени им се условни казни – две години затвор кои нема да се реализираат ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело.
На барање на обвинителството, судот на Јанакиески му определи куќен притвор.
Обвинението за „Титаник“ што своевремено го отвори поранешното СЈО опфати 21 лице, а првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. За обвинетите кои не признаа вина, процесот ќе продолжи со доказна постапка.
Анита Д. Велковска
