Економија

Инвестициски самит на ЕБОР за Западен Балкан

28.02.2022 14:54

Премиерот Ковачевски во Лондон на инвестициски самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан. Шефот на владата истакна дека земјава е дестинацијата во која инвеститорите треба да ги вложат своите пари. По првата негативна година од пандемијата, Македонија лани забележа подобрување на економијата...

За справување со енергетската криза и снабдувањето со енергенси ќе бидат вложени дел од сумата тешка 30 милијарди евра за Западен Балкан. Единството е клучно во време кога се случува руско-украинскиот конфликт, присуството на шесте лидери на влади е силна порака за заедничка соработка, оценки од Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој во Лондон. Годинава фокус-енергетската сигурност, трансформација на енергетските капацитети за користење обновливи извори, и поплитките на земјите за привлекување инвестиции.

Две децении имаме стабилна валута, нудиме макроекономска стабилност и добар атрактивен стимуланс кој важи како за странските, така и за домашните инвеститори, а стапката на инфлација во 2021-вата и покрај скокот на цената на електричната енергија е на ниско ниво-за предностите на инвестициската клима говореше премиерот Ковачевски. На врвот на агендата ги посочи програмата за забрзување на инвестициите, патната и енергетска инфраструктура, здравствениот систем и енергетската транзиција.

Во 2020-та им помогнавме на земјите од Западен Балкан да го надминат јазот со државите од ЕУ, еврокомесарот Вархеји очекува иницијатива од шесте лидери на Самитот да го подобри процесот на инвестиции.

Европската банка за обнова и развој во проекти за дигитализација, енергетика, транспортна инфраструктура во Западен Балкан има инвестирано околу 8,3 милијарди евра.

Сузана Фиданска Стоевска