Здравство

18 асимптоматски случаи на Ковид-19 откри скринингот на учениците

28.02.2022 15:11

Скринингот ја оствари целта и тој нема да продолжи да се спроведува, рече министерот Беким Сали, според кој прикажана е реалната состојба со трансмисијата на вирусот кај децата. Сали рече дека сѐ уште е рано да се каже дали учениците ќе одат на настава без маска.

Од 2.200 ученици, 18 асимптоматски случаи на Ковид- 19, откри тестирањето во скопските основни училиштата. Скринингот ја оствари целта и тој нема да продолжи да се спроведува, рече министерот Беким Сали, според кој прикажана е реалната состојба со трансмисијата на вирусот кај децата. Сали рече дека сѐ уште е рано да се каже дали учениците ќе одат на настава без маска.

Комисијата за заразни болести ќе ги анализира резултатите од серолошкото тестирање и од скринингот, а потоа ќе се донесе одлука дали ќе предложат олеснување на мерките против Ковид- 19.

Се очекува неделава Владата да го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести со кој важноста на ковид сертификатот од 45 дена се зголемува на 180 дена. Меѓу другото, Комисијата препорача да се укине ПЦР тестот при излез од земјава и да се укинат ковид мерките за трудниците.

 

Викторија Милевска