Заштита на биоверзитетот на пелагониско- леринскиот регион

04.04.2014 10:31

Македонски и грчки експерти преку проектот „ЗОО иноватива“ ќе градат заеднички капацитети за заштита на биоверзитетот во пограничниот пелагониско- лерински регион...

Само со стручни прекугранични капацитети може да се придонесе во заштитата на биодиверзитетот, кој од секогаш не признавал граници. Експертите сметаат дека примарно внимание заслужува рисот, чиј опстанок е подеднакво важен за двете земји. Убедени се дека еден од последните примероци на балканскиот рис кој неодамна беше снимен на Пелистер, се појавува и во планините кај јужниот сосед.

„Неговата фотографија е направена кај селото Брајчино, близу границата со Грција, што значи дека ова животноно мигрира. Рисот ке го спомнам како еден знаменосен вод чиј опстанок е подеднакво важен за двете држави“ вели Ѓорги Иванов од Македонското еколошко друштво.

Проектот „Зоо Иноватива“  треба да даде одговор и на други прашања и да го пренесе стекнатото искуство на идните кадри.

„Проектот е одличен, ме радува тоа што студентите се заинтересирани. Но и можат да сватат дека освен за биоверзитетот граници не трба да постојат ниту за луѓето“, рече грчкиот експерт Јоргос Илијадис.

Фактот што двата региони се соочуваат со идентичен биоверзитет ја наметнува потребата од перцепција како една целина.

„Да се сфати дека овој прекуграничен регион има граница на мапа, административна која природата не ја чувствува, затоа потребни се заеднички сили за решавање на проблемите“, вели Емилија Геровска, директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Педневната битолска работилница од идната недела, со работа во ист перид ќе продолжи во Лерин. Донесените заклучоци ќе бидат основата од која понатаму ќе се влечат следните активности.


Стевче Митревски