Стејт департментот им препорача на Американците да ја напуштат Русија
„Американските граѓани треба веднаш да размислат за напуштање на Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, соопшти Стејт департментот.

Американскиот Стејт департмент им препорача на своите граѓани што се наоѓаат во Русија веднаш да ја напуштат државата.
„Американските граѓани треба веднаш да размислат за напуштање на Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, соопшти Стејт департментот.
Тие претходно ги повикаа американските граѓани да не патуваат во Русија.
Претходно американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, потврди дека Стејт департментот ја суспендирал работата на американската амбасада во белорускиот главен град Минск и дека на сите вработени во американската амбасада во Москва, кои не се занимаваат со итни работи, и на членовите на нивните семејства им било дозволено да си заминат.
