Русија- Украина

Преговорите завршија, најавена нова средба

28.02.2022 19:18

Завршија мировните преговори на Украинско- белоруската граница. Двете страни се вратија на консултации во Москва и во Киев, по што треба да има нова средба, овојпат на Полско- белоруската граница. САД и дел од европските земји ги зголемуваат испораките на оружје. И македонската влада извести дека согласно барањата на Украина, ќе се донираат воени средства и опрема...

Завршија преговорите во близина на Припјат, градот симбол на чернобилската неклеарна катастрофа. По неколку часа разговори украинската и руската делегација заминаа дома на консултации. Следните преговори се закажани. Ќе да одржат на Полско- белоруската граница.

„Украинската и руската делегација ја одржаа првата рунда разговори. Главна цел беше да се разговара за прекин на огнот и за крај на воените дејствија во Украина. Двете страни ги утврдија темите со можни одлуки. За да се споведат двете страни се враќаат на консултации во главните градови. Разговаравме за одржување нова рунда разговори“, изјави Михајло Подољак, советник на претседателот Зеленски.

„Разговорите со украинската страна траеја 5 часа и завршија. ги разгледавме сите точки. на агендата најдовме одредени поенти каде што може да се имаме заеднички став. најважното е што преговорите ќе продолжат. дотогаш секоја делегација ќе се консултира со владите“, рече Владимир Медински, шеф на руската делегација.

Францускиот претседател Макрон телефонски разговараше со претседателот Путин. Побарал итен прекин на огнот во Украина, но Путин имал неколку услови – признавање на суверенитетот на Крим, денацификација и демилитаризација на Украина, како и обезбедување неутрален статус на Киев.

„Ве поканив да разговараме за економијата и финансиите. Со Михаил Владимирович разговаравме за овие прашања. Западната заедница или како што велам во мојот говор „Империјата на лагите“, сега се обидува ова да го спроведе против нашата земја“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Оставете ја вашата технологија и заминете. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Само спасете ги животите и заминете“, нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

И додека траеја преговорите, жестоки борби се водат во повеќе украински градови. Руската армија напаша од повеќе правци. Стравични призори доаѓаат од Харков. Се јавува за десетици загинати и ранети во серија ракетни напади врз градот. Голем број цивилни жртви има во Мириопул каде што руската армија жестоко гранатира. И во Киев се водат улични борби. САД и некои европски земји ги зголемуваат своите испораки на оружје. И македонската влада соопшти - на барање на Украина ќе донираме воени средства и опрема.

 

Маја Стојанова