Стружани поделени околу важноста на осигурувањето на своите имоти

04.04.2014 10:42

Осигурителните компании нудат различни видови осигурувања за кои кај граѓаните сеуште не постои особен интерес . Останува задолжителното осигурување што се нуди за патничките автомобили...

Стружани иако се сведоци на чести кражби како и несакани последици од надворешните природни влијанија тешко се одлучуваат за го осигураат својот имот.

Немаме доволно пари но убаво е осигурувањето...Станот како стан е потреба и зошто да не се осигура. Еве на пример во Америка најпрво животот и станот се осигуруваат а потоа се останато...Мислам дека е потреба да се осигурани овие работи. Секој што е осигуран е сигурен...“, велат стружани.

Цените во осигурителните компании за основните осигурувања на домот од кражба, пожар и поплава не се високи и се достапни за целата популација. Слабиот интерес на стружани лежи во недоволната информираност за висината на цената како и за важноста на оваа услуга. 

„Можам да кажам општо во нашиот град осигурувањето се уште не е во некој тренд. Штета е што овие осигурувања не ги правиме често затоа што се навистина многу евтини, еве на пример во Струга метар квадратен е 11 денари на годишно ниво за осигурување на станот или куќата од пожар, а со 30 % доплата можеме да си го осигураме својот дом од кражба“, вели Марина Попоска менаџер на осигурителната компанија „АД Осигурителна полиса“ експозитура во Струга. 

Според податоците од осигурителните компании, стружани најчесто ги користат обврзувачките осигурувања за авто одговорност при регистрација како и одделни случаи кога некоја банка инсистира на осигурување со инкулација од пожар.

 

Јованчо Наумоски