Од денеска нема веќе замрзнати цени во маркетите
Според одлуката на Владата на трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, за овие стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.

Од денеска се одмрзнуваат цените на основните прехранбени производи, а се ограничува трговската маржа за леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.
Според одлуката на Владата на трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, за овие стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.
Порастот на цените веќе го најавија и производителите кои велат дека се поскапени и суровините и енергенсите, а растот на цените може да биде предизвикан и од недостиг на производи и од прекин во синџирите за снабдување поради руско-украинскиот конфликт.
