Партии

СДСМ: Оставка од Мицкоски по пресудите за Титаник

01.03.2022 09:22

Пресудите во предметот Титаник го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет...

Пресудите во предметот Титаник го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал, велат од СДСМ.

Додаваат дека во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски, но луѓе за кои има други обвиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.

СДСМ апелира на ефикасна истрага и завршница на процеси против поранешни и актуелни политичари без разлика дали се на власт или во опозиција.