МНР

Османи: Се прават напори безбедно да се извлечат македонските државјани од Украина

01.03.2022 10:14

Речиси 50 македонски државјани извлечени од кризните делови во Украина. 20 од нив пред да почне инвазијата, 30 потоа. 15-мина до безбедно тло стасале со помош на ОБСЕ, а другата половина со конвоите на соседна Бугарија...

Речиси 50 македонски државјани извлечени од кризните делови во Украина. 20 од нив пред да почне инвазијата, 30 потоа. 15-мина до безбедно тло стасале со помош на ОБСЕ, а другата половина со конвоите на соседна Бугарија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите.

„Очекуваме денеска да ги извчелеме останатите. Има семејство со 5- дневно бебе во Харков каде што се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот и ние со нив сме во постојана комуникација. Тие не можеле да одговараат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување кој што бил на неколку дена пред руската инвазија. Очекуваме денеска ако успееме да го извлечиме тоа семејство“, рече Османи.

Ги упативме нашите државјани доколку можат да стигнат до конзулатите на државите со кои имаме направено договор, да ги преземаат како да се нивни, додаде министерот Османи. Посочи дека околностите во Украина се менувале, а според иформациите што ги добива, тие повеќе ќе се влошуваат.

Османи уверува дека прават напори безбедно да бидат извлечени нашите државјани што се наоѓаат на украинско тло.