Македонија

МВР: 182 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

01.03.2022 10:37

За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 18.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 182 пешаци од кои, 162 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 14 за минување на црвено светло... Од нив 70 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Штип...

За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.