Битола

Штети по есенските посеви во Пелагонија

01.03.2022 10:41

Ако до пред две недели во пелагониската житница почетокот на првата прихрана доцнеше поради високото ниво на подземните води по последниве пообилни врнежи од дожд и снег до израз доаѓаат и надземните води. Земјоделците велат со првата прихрана се доцни еден месец а штетите по развојот на посевите стануваат видливи.

Последниов влажен бран од дожд и снег дополнително ги усложнува состојбите во најголемата житница. Ако до пред две недели постоеше надеж дека почвата малку ќе се исцеди и барем рачно ќе се изврши првата прихрана сега отпаѓа и таа можност.

Земјоделците велат нивото на подземните води беше високо но сега водата на многу површини е и над земјата. Штетите по пченицата стануваат видливи бидејќи првата прихрана доцни еден месец а посевите се наоѓаат во период на братење од кој зависи и идниот развој на посевите.

Ова е видео слика од вчерашниот ден. Дополнителните до пладне наврнати неколку сантиметри снег навестуваат деновиве нов влажен талог.

Пченицата и јачменот се осетливи на преголемата влага. Најголеми штети велат ќе има на парцелите каде се формирани таканаречените водни огледала велат земјоделците.

Пелагонискиот земјоделец вели понатаму се е во рацете на временските прилики. И во вакви услови потребни се најмалку 15-наесетина дена без никакви врнежи за да може да се влезе во нивите.

Стевче Митревски