ФИФА сака да ги отстрани руските репрезентации од сите меѓународни натпреварувaња

01.03.2022 11:04

Според „Ројтерс“, ФИФА преговара со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за прашањето за зајакнување на санкциите против руските тимови.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) има намера да ги отстрани руските репрезентации од учество на меѓународни натпреварувања. 

Според „Ројтерс“, ФИФА преговара со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за прашањето за зајакнување на санкциите против руските тимови. Во овој контекст се разгледува можноста за отстранување на Русија „до натамошно известување“.