Реакции здруженија на земјоделци –Заев

20.11.2013 09:35

Силна реакција од повеке здруженија на земјоделци за пратката на краставици полни со пестициди

Силна реакција  од повеке  здруженија  на земјоделци  за пратката на краставици  полни со пестициди која што  беше уништена во Хрватска .Сметаат дека  ова е голем удар на македонското земјоделство. Од Сојузот на земјоделци велат годинешниот голем извоз на земјоделски производи   се должи на поддршката  во  земјоделството ,а ова го руши пласманот .

 Вељо Тантаров   Претс. на Сојузот на земјоделци на Македонија

-Ние сметаме дека Зоран Заев треба да ги смирува работите и да побара помош од Владата за стопирање на се што ќе биде негативно со пласманот на нашите производи на поранешните југословенски и европските пазари и да се најде модел за да се заборави тоа што се случи, а тој зборува нешто што е недолично за лидер на голема партија. 

Реакција и од Асоцијацијата на земјоделци велат  нелогично и непристојно е да се обвинуваат земјоделците . Потенцираа дека последниот случај со корнишоните  е на  штета на земјоделците  на кои им остана родот,  и на губење на довербата за квалитетот на македонските производи. 

Ефтим Шаклев  Асоцијација на земјоделци 

 -По овој настан кај земјоделците се појави една неизвесност и страв како производители што понатаму, бидејќи знаеме дека тоа доведе до нарушување на пазарните односи, што значи на некој начин намалување на извозот на нашите земјоделски производи, како и зголемување на контролата од страна на увозниците на нашите производи што го отежнува пласманот на нашиот пазар.

Стручни лица по заштита на растенијата потврдуваат  дека лозарите користат  многу заштитни средства во текот на производниот процес, а често и отрови од прва група вели лидерот на лозарите Аризанов .Според законот земјоделците треба да се сооветуваат со надлежна служба која на терен ќе ги следи состојбите со појава на болести и штетници. Но тоа не функционира со години.

Тонско. Љупчо Аризанков   Здружение на лозари Кавадарци 


-Не се сомневам дека Заев покажува политичка моќ спрема нас. Но, ние сме независни, не зависиме од него и не мора да бидеме под ничија контрола. Ако нешто изреагираме во полза на земјоделецот треба да бидеме поддржани и од едната и од другата страна. Ако едните згрешиле не треба другата страна да удира со контра мерки

Земјоделци  се засегнати  од неконотролираното  прскање на  земјоделски производи ,  бараме построги закони  за  сите оние што нема да ги почитуваат законите,  вели  земјоделецот Никола Стаменов .

Никола  Стаменов здружение на земјоделци  -Босилово

-Во Македонија се произведува здрава еколошка храна, а некои се дрзнуваат

 Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители   велат нападите и заканите упатени кон претседателот на Асоцијацијата на земјоделци  претставуваат недостиг на демократски капацитет.

Ставре  Јанев  здружение на земјоделци   - Кочани

-Му порачуваме на господинот Заев да гради политики не со закани, туку со стратегии кои ќе го зачуваат имиџот на македонското земјоделско производство како извор на здрава храна. Бидејќи извозот на корнишони со недозволено присуство на пестициди несомнено го руши таквиот имиџ, без разлика во чии оранжерии се произведени.

Дијана  Ценевска