Отвораме денеска со Италија
Oд денеска македонските ракометни надежи до 20 години преку тридневниот скопски турнир во СРЦ Кале, ја отвораат и затвораат мисијата, пласман на Европски шампионат.
Патот до Австрија каде од 24 јули до трети август годинава ќе бидат собрани најдобрите врсници на континенталното, ќе се трасира преку три средби во три дена, редоследно денеска Италија, утре Грција и задутре Исланд.

Селекторот Петковски вели, се друго освен освојување на првото место, кое патем само води до Австрија, ќе биде неуспех. Од друга страна се апострофира и податокот дека исланѓаните се далеку над сите, но дека тоа не представува пречка кај нас, ами мотив. Така неделниот натпревар токму со нив, веројатно ќе ја даде разврската кој на шампионатот во Австрија ќе ги брани боите на својата земја.
Натпреварите на Македонските момчиња трите дена започнуваат во 19 часот (СРЦ Кале, влезот е слободен) кога и преносите на МРТ собранискиот сервис.