МНР

Одложено испраќањето на новиот амбасадор во Москва

01.03.2022 11:20

Шефот на дипломатијата ваквата одлука ја поврза со апелот на нашето МНР сите граѓани на Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат бидејќи може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа...

Земјава нема да го прати новиот амбасадор во Русија, кој требало да замине на 15 март, информираше денеска министерот за надворешни работи Османи на брифингот со новинарите.

„Ние донесовме вчера одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија“, изјави министерот Османи.

Шефот на дипломатијата ваквата одлука ја поврза со апелот на нашето МНР сите граѓани на Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат бидејќи може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа, поради забраните за лет за Русија.

Како нов амбасадор на Северна Македонија во Русија минатата година беше назначен Ненад Колев.